Новинарот Михајлоски: Кој може мене, на сестра ми и мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако „нема корона“?

Нетпрес

03/06/2020

16:10

4.523

Големина на фонт

а а а

„Не постои коронавирус, тоа е обичен грип“! Колку пати сте ја слушнале оваа реченица? Скопјанката В.Р. (47) вели дека ја слуша речиси секој ден во нејзината непосредна околина.

„Ја шират необразовани лица, но за жал, некогаш ја слушам и од образовани“, објаснува таа за ДВ. Со личен пример на заштита и мерки за дезинфекција, секој ден се обидува да го едуцира непосредното соседство за превенција од корона вирусот. Нејзината мотивација е уште поголема откако токму во општината каде што живее, во последниве неколку дена расте бројот на новозараени.

„Дури и по зголемениот број на новозаразени, не го менуваат однесувањето. Има голема неодговорност и опуштеност. Си остануваат на ставот дека нема никаков вирус, или дека Бог ги чува, или дека тоа е глобална манипулација за ширење страв што ја прават светски моќници заради нивен профит, и други приказнии. Некои, во недостиг од рационален одговор за негирањето на вирусот, ме прашуваат: Познаваш ли ти барем еден од заразените, си видела ли некого?“, објаснува таа.

Секој може да биде инфициран

Се чини дека токму поради ваквиот ирационален сомнеж, деновиве и Клиниката за инфективни болести ги отвори вратите за новинарски екипи. Дали и колку страдањата на заболените од Ковид-19 ќе ја сменат перцепцијата на скептиците, се уште е неизвесно.

„Мене ми е просто неверојатно, колку луѓето по сѐ што гледаат дека се случува кај нас и во светот, сѐ уште може да бидат толку скептични”, вели новинарот Гоце Михајлоски, кој пред повеќе од еден месец ја искуси разорноста на вирусот, и ја доби битката со него. За жал, не и неговиот татко.

„Искуството на моето семејство покажа дека вирусот е како руски рулет. Кога ќе влезе во еден дом, не можеш да предвидиш кого и колку ќе повреди. Некој може да помине со лесно, како што беше случајот со мајка ми и сестра ми. Некој може да заврши во болница, како јас, а некој и трагично, како татко ми. Не му посакувам на никого на своја кожа да се увери дека, не само што вирусот постои, туку и дека е крајно непредвидлив и може буквално да убие за неколку дена. Таков беше случајот со татко ми. Тој беше сосема здрав и силен човек на 63 години, а почина единствено како последица на страшното воспаление кое неверојатно брзо му ги уништи белите дробови“, објаснува Михајлоски.

Целата вест прочитајте ја на ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг