Apple подготви изненадување за крадците кои упаднаа во нивните продавници: Ве следиме и ќе ве пријавиме...

Точка

03/06/2020

16:40

4.490

Големина на фонт

а а а

За време на протестите во САД, голем број на продавници на Apple беа ограбени, но крадците се чини дека од тоа нема да имаат премногу корист.

Протестите кои избија поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од страна на полицаец при апсење, прераснаа во насилни, а демонстрантите исто така ограбуваат и продавници.

Дел од крадците упаднаа и ги опустошија продавниците на Apple ширум земјата, а поради тоа во некои продавници компанијата ги повлече производите, па во нив нема што да се украде.


Но, дури и тие што успеале да украдат по некој уред, ги чека непријатно изненадување. Имено, при активацијата на уредите крадците ги чека порака дека уредот кој го користат е деактивиран и дека се следи локацијата. На екраните на телефоните пишува дека полицијата веднаш ќе биде известена.

На сите добро ни е позната можноста за заклучување и бришење на податоците на украдените телефони од некое друго место, а Forbes пренесува дека Apple користи и дополнителен вид на заштита. Станува збор за софтвер кој оневозможува користење на уредите украдени од нивните продавници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг