Опасни гости: Слушнала врева пред нејзината врата, а сцената која ја снимила ја заледува крвта

Точка

03/06/2020

16:15

5.586

Големина на фонт

а а а

Сузан Гешел од Флорида останала шокирана кога, откако слушнала врева пред влезната врата, забележала два алигатора во борба пред нејзиниот дом.

Таа, видеото од изненадувачката средба го објавила минатата недела на Фејсбук. Како што вели Сузан, утрото пред 7 часот слушнала тропање по вратата, а потоа ги забележала огромните животни. 

“Џо, се тепаат. Ох Боже мој, се тепаат пред вратата”, се слуша жената на снимката. Гешел вели дека никогаш досега не забележала алигатори на својот имот, поради што оваа сцена уште повеќе ја изненадила.

“По отприлика 20 минути, еден од алигаторите ја премина улицата и замина во дворот на соседите, додека другиот исчезна од околината и веројатно замина во езерцето во близина”, додала Сузан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг