Саул ја разреши мистеријата и го соопшти името на „новиот клуб“

Макфакс

03/06/2020

14:58

2.058

Големина на фонт

а а а

Новиот клуб кој го најави Саул Нигез нема ништо заедничко со негово заминување од Атлетико Мадрид, а тоа се дозна ова попладне откако заменик капитенот на „душекџиите“ откри дека всушност станува збор за нов проект.

Играчот за врска во друштво на својот брат Арон одлучија да оформат нов клуб во Шпанија, а истиот ќе располага со 30 категории на деца, во женска и машка конкуренција.

Клубот на Саул и неговиот брат ќе се вика Клуб Коста Сити, проект со кој напорно ќе се работи за откривање на нови фудбалски таленти од Шпанија, или поточно од градот Елче. Двајцата браќа се родени во овој град, а бидејќи нивните почетоци потекнуваат од таму, решија да возвратат со интересен проект кој ќе им овозможи фантастични услови на сите деца кои сакаат да се заминаваат со фудбал.

– Целта на Саул и неговиот брат Арон е да им се обезбеди на најмладите сеопфатно образование од лична и спортска гледна точка, со јасна цел да пристапат и да стигнат до елитата во фудбалот.

– Клубот Коста Сити е со дух да расте и да се развива од ден во ден, а конечна цел е на младите да им се овозможи добар влез во професионалните категории на шпанскиот фудбал, – се вели во соопштението.

##https://twitter.com/saulniguez/status/1268119905108463616?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг