Кога Германци ќе „преработат“ Ferrari

Точка

03/06/2020

15:19

3.326

Големина на фонт

а а а

Германски DMC подготвија модифициран Ferrari 812 Superfast.

Германската компанија "DMC" го модифицираше прекрасниот 812 Superfast на италијански Ferrari кој е наречен Spia и неговиот Aero Kit посебно се истакнува со оглед на тоа што е изработен од карбонски влакна.


Тие исто така поработија и на фелните, а секако поголема моќ доби и V12 моторот.

Пакетот од „карбонски делови“ меѓу другото го вклучува предниот спојлер, сет на прагови, заден дифузор и спојлер на бажникот, а тука се и сет тркалата со големина од 21 и 22 инчи кои доаѓаат во комбинација со Pirelli Sport гуми.


„Новиот“ мотор сега испорачува 820 коњски сили, а доаѓа во комбинација со титаниумски издувен систем, италијанска кожа и карбонски елементи во внатрешноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг