Агентот на Кутињо го најави следниот трансфер потег на неговиот клиент: Сака да се врати…

Дерби

03/06/2020

10:00

2.009

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот ас од редовите на Барселона кој во моментов настапува за Баерн Минхен, Фелипе Кутињо нема да го продолжи својот престој во Баварија.

Германскиот клуб одлучи да не му го откупи договорот од Барселона, па Кутињо ќе се врати во шпанскиот клуб кој исто така не сака да го задржи во своите редови.

Се појавија шпекулации дека има заинтересирани клубови од Премиер лигата кои сепак не се подготвени да ги исполнат барањата на Барселона, па голема е веројатноста фудбалерот да се соочи со уште поголема неизвесност за својата иднина.

Неговите намери, барем како што кажува агентот на играчот, се тој да се врати во Премиер лигата, местото каде го имаше својот најголем индивидуален успех.

– Тој има желба да се врати во Премиер лигата. Можеби нема да се случи оваа година, а можеби и ќе се случи оваа година, не знаеме.

– Засега ништо немаме дискутирано на оваа тема, - изјави Киа Јорабичиан за „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг