Од тамошното министерство потсетуваат дека за предвремена пензија потребен е 25 години медицински стаж во руралните средини и 30 години работен стаж во градските средини.
Секој ден работата со заразените пациенти од коронавирусот во установите, амбулантите и брзата помош, на руските медицински работници ќе им биде забележуван како три даботни дена.
Како што навеле од тамошната прес-служба од руското министерство за труд, медицинските техничари од брзата помош кои што работеле со заразените луѓе два месеци, ќе имаат работен стаж од шест месеци за тој период, пренесуваат од „Nezavisne novine“.
Податоците за медицинските работници кои што им даваат соодветна помош на пациентите со потврден вирус, работодавачите ќе ги доставуваат до пензинскиот фонд.
Претходно беше објавено дека стимулативни уплати за месец април, за работа со пациентите заразени со Ковид-19, добиле над 153.000 медицински работници во внатрешноста на земјата - доктори, помошниот персонал, возачите на брзата помош, соработниците на федералните установи...