„Ова се случува еднаш во историјата“: Најмодерните и најубавите сестри на светот во исто време се појавија на насловната страна на француски „Vogue“

Кармин

03/06/2020

09:15

2.926

Големина на фонт

а а а

Џиџи и Бела Хадид добиле единствена можност во исто време да се појават на две различни насловни страници на ист моден магазин.

Едни од најпопуларните манекенки на денешницава, сестрите Џиџи (25) и Бела (23) се појавиле во исто време на две насловни страници на францускиот „Vogue“ во издание мај/јуни 2020, што се случило еднаш во историјата.

Имено познатите сестри се појавиле на дупла насловна страница на новиот „Vogue Paris“.

Нивата публика уште претходно ги нарече ''најмодерните сестри на светот'' и поради тоа тие станаа перфектни кандидати за единствен број на овој магазин, кој што е ода на модата и соништата.

„Во овој меѓупростор на нестабилност, каде што анксиозноста е зголемена, а непознатото царува, ова издание на „Vogue Paris“ слави повеќе од кога и да е, тоа што го знаеме и сакаме“ - напишале.

Бела на насловната страница носи бел, проѕирен фустан од пролетната колекција на „Dior“, додека пак на рацете носи златен накит.

Нејзе на социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 31 милион следбеници, додека пак на објавата на фотографијата од насловната страница на реномираното модно списание, таа добила 480.000 лајкови.

Од друга страна, нејзината сестра Џиџи носела златен „Dolce & Gabbana“ фустан со реси од есенската колекција 2020-та година, и исто така носела накит кој што е лесно воочлив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk