Илон Маск повторно ''крена прашина'' на Твитер поради мистериозната објава

Точка

02/06/2020

16:17

3.039

Големина на фонт

а а а

Мислењата на корисниците на социјалната мрежа Твитер се поделени. Некои од нив му даваат поддршка во таа одлука и му пишуваат дека ќе им недостасува, додека пак други не го кријат задоволството од оваа негова одлука.

Илон Маск изненади 35 милиони свои следбеници на социјалната мрежа Твитер во понеделникот навечер, објавувајќи краток статус во кој што најавил одмор од таа социјална мрежа.

Во својот последен статус на Твитер не објавил зошто зема пауза од активностите на таа социјална мрежа, а ниту открил колку ќе трае неговата пауза.

Но, доколку неговиот статус се стави во контекст на неодамнешните настани, можно е Маск да зел пауза поради општите нереди во САД, предизвикани од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис минатата недела.

Маск, општо е познат по своите контроверзни статуси кои што ги објавува на социјалната мрежа Твитер, но исто така познато е дека тој ретко бега од контроверзии.

Од друга страна пак, тој ексцентричен милијардер, претприемач и шеф на „Space X“ и „Tesla“, можеби едноставно му е потребен одмор по бурниот период.

Имено, за само неколку месеци тој се скарал со челниците од округот и сојузната држава Калифорнија околу повторното отворање на својата фирма која што била затворена поради рестриктивните мерки воведени и наметнати како резултат на пандемијата коронавирус, повторно стана татко, а со „SpaceX“ испиша историја, по девет години паузирање на американските астронаути.

Пред објавата дека зема пауза од социјалната мрежа Твитер, претпоследниот статус на Маск бил токму за леталото „Crew Dragon“.

Мислењата на корисниците на социјалната мрежа Твитер се поделени. Некои од нив го поддржуваат во таа одлука, додека пак други го кријат задоволството на неговата одлука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг