Спроведени контроли кај над 2.000 угостители, во 24 објекти не се почитувале заштитните мерки

Макфакс

02/06/2020

11:35

891

Големина на фонт

а а а

Од почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли на вкупно 2.184 објекти, информираат од МВР.

При проверките било утврдено дека 24 угостители не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1.573 биле направени за време на викендот (од петок до недела), а 483 во текот на вчерашниот ден.

Понатамошното постапување по однос на констатираните прекршоци е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг