Нејзе не ѝ е потребно ниту деколте ниту гол грб: Меланија Трамп внесе доза сексапил во Белата куќа со феноменалната комбинација

Кармин

02/06/2020

11:34

4.178

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Америка ја прекинала низата на носење фустани со дневна комбинација на алишта за која што со денови се зборува.

Меланија Трамп, сопругата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, му се придружила на својот сопруг во Овалната соба на еден состанок во Белата куќа и веднаш станала главна тема за мода.

Убавицата со словенечко потекло за овој настан облекла сиви панталони кои што ги откриваат глуждовите со ефектно црвено парче облека, а на многумина им го привлекло вниманието овој интересен спој на бои.


Имено, нејзиниот изглед доминирал, односно корално-црвената нијанса на боја.

Толку едноставно, доминантно и самоуверено.


Модните портали сè уште не објавиле кои брендови на облека ги носи првата дама на себе, но интересно е тоа што сопругата на Трамп на почетокот на месец мај во текот на некој онлајн состанок носела црвена кошула и лакирани црвени салонки во комбинација со тесно здолниште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk