Lyconet маркетерите неуморно работат и во вонредни услови

Точка

02/06/2020

22:50

4.512

Големина на фонт

а а а

Во вонредна ситуација, кога нормалниот тек на животот е променет, целокупниот бизнис сектор се обидува да се прилагоди на новонастанатата состојба и да имплементира мерки кои ќе ги намалат ефектите од ударот на економската криза. Голем дел од мерките вклучуваат работа од дома, користење на веб-платформи и други современи алатки кои се на располагање благодарение на новите информатички технологии

Lyconet мрежата е една од компаниите во државата која е во чекор со новите трендови и која успешно се адаптира на новите услови за работа, истовремено, почитувајќи ги препораките за превенција од коронавирусот. Па така, на своите маркетери им нуди можност за непречена работа од дома, но и развој на својата кариера по пат на различни бесплатни вебинари, каде светски експерти од конкретната област ги пренесуваат своите знаења и искуства. Овие вебинари се наменети за сите оние кои сакаат да заработат доволно пари со кои ќе можат безгрижно да ги исполнат материјалните цели, а ќе имаат и повеќе време за себе, за своите пријатели и семејството.

Во овие вонредни услови, маркетерите на Lyconet (Лајконет) во својата работа од дома на располагање ја имаат „Маркетинг +“ програмата, која е дел од Webinarwolrd и е исклучително корисна во онлајн работење. Оваа алатка во периодот на пандемија на COVID-19, на многу маркетери им помага да работат онлајн и тоа во 49 држави, а на тој начин да со дојдат до солидни заработувачки. Исто така, „Маркетинг +“ алатката, на многу луѓе од Македонија им помогна да започнат свој онлајн бизнис од дома и без никаква инвестиција да градат мрежа на потрошувачи во 49 држави и исто толку пазари низ светот.


Дополнително, благодарение на „WEB+“ алатката, маркетерите на Lyconet мрежата имаат можност да ги следат вебинарите на најуспешните маркетери од целиот свет и тоа на 15 јазици. Дел од предавачите на овие вебинари се Ерик Вори, кој е еден од најгледаните и најкредибилните извори на знаење во светот на мрежниот маркетинг, чии обуки ги следат над 5 милиони луѓе секоја недела; Тони Робинс, кој во текот на последните три децении директно влијае врз животот на повеќе од 50 милиони луѓе во над 100 држави преку својата работа во областа на психологијата на лидерството, преговарањето, организациски пресврт и врвни перформанси; д-р Манфред Винтерхеллер, меѓународно успешен предавач, претприемач, обучувач и автор, кој во 2003 година Европската комисија го прогласи за еден од 10-те најдобри работодавци во Европа; како и Марина Вори, вистински инспиративен лидер и шампионка во професијата на мрежниот маркетинг.

Покрај предавањата на светски познатите обучувачи од областа на мрежниот маркетинг, маркетерите на Lyconet, секоја недела имаат можност да ги слушнат и искуствата на домашните колеги од повисоките кариерни нивоа, кои се од исклучително значење за успешно справување со предизвиците кои ги носи оваа професија. Дека интересот за овие вебинари е голем, говори бројката од над 500 слушатели секоја недела.

Исто така, со помош на „Invite“ програмата, преку покана на нови потенцијални членови на Lyconet мрежата, маркетерите имаат можност плус да напредуваат во кариерното ниво работејќи од удобноста на својот дом, а на тој начин да дојдат и до поголема месечна заработка.

Lyconet е една од ретките компании во државата која во услови на здравствена и економска криза инвестира и се труди да обезбеди најдобри услови за непречена работа за луѓето кои се дел од неа. Овие напори доаѓаат од нивното убедување дека во услови на криза успеваат и преживуваат оние кои имаат способност да се прилагодат, а не оние кои се најиздржливи, а најголемата поддршка во оваа битка ја добиваат од своите маркетери, кои успеваат лесно да се прилагодат на сите предизвици и работа во вонредни услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг