Како што велат државните функционери на Грција, тоа го правеле и во минатото, па ќе го прават и сега.
Грција ќе им плати сместување на туристите кои што ќе бидат позитивни на коронавирусот во текот на посетата на оваа земја, најави во понеделникот владиниот портпарол Стељос Пецас, на прес-конференцијата за новинари.
„Тоа го правевме и во минатото, па така ќе продолжиме и сега. Очекуваме многу помал број на случаи, но исто така се надеваме дека нема ниту да има затоа што епидемиолошките циклуси во европските земји откаде што ги очекуваме туристите се смирува“ - изјавил тој во текот на редовната прес-конференција додавајќи дека целта е да се создаде максимална сигурност за жителите и посетителите.
Сепак, останува отворено прашањето дали Грција ќе им плаќа и храна и лекови на луѓето кои што ќе бидат принудени да престојуваат во таа земја.
Инаку Грција ги отвора границите на 15-ти јуни за 29 земји од кои туристите ќе можат да ја посетат нивната земја.