Адвокатот на семејството на Џорџ Флојд: Верувам дека убиството е извршено со предумисла

Точка

02/06/2020

09:21

2.418

Големина на фонт

а а а

Бен Крамп, адвокат на семејството на Џорџ Флојд верува дека постојат доволно докази кои потврдуваат дека полицаецот Дерек Шовин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканецот, делувал со предумисла.

Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но адвокатот Крамп смета дека сепак станува збор за убиство од прв степен, пренесуваат американските медиуми.

„Не ни е јасно како тоа не е оквалификувано како убиство од прв степен“, изјави Крамп за "CBS".


Тој истакна дека полицаецот речиси девет минути го држел коленото притиснато врз вратот на Џорџ Флојд чија смрт предизвика масовни и насилни протести ширум Соединетите Американски Држави.

„Мислиме дека имал намера“, изјави Крамп.

Џорџ Флојд почина за време на апсењето од страна на полицијата кога Шовин, како што е наведено во кривичнта пријава, 8 минути и 46 секунди го држел коленото притиснато врз неговиот врат.

Во кривичната пријава се додава дека патологот заклучил дека за смртта придонела и комбинацијата на можните опојни средства во неговото тело и здравствените тегоби кои што ги имал.

Меѓутоа, двајцата доктори кои извршија независна обдукција на телото на Џорџ Флојд соопштија денес дека тој починал од задушување и дека станува збор за убиство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг