Братот на Џорџ Флојд, Теренс Флојд го посети местото каде што има импровизирано спомен-обележје во Минеаполис.
Теренс Флојд пристигна на местото каде што при апсење од страна на полицијата беше убиен неговиот брат и им се обрати на сите кои учествуваат во протестите против полициска бруталност.
Тој ги запраша демонстрнатите зошто кршат и уништуваат кога тој не прави такво нешто и нагласи дека ништо од тоа нема да го врати неговиот брат. Теренс порача дека неговото семејство е мирољубиво и ги повика сите промените да ги бараат мирољубиво и да гласаат на избори.
„Едуцирајте се, дознајте за кого гласате. Така ќе ги победиме, така ќе промениме се“, изјави Теренс Флојд.
Неговиот пријател, свештеникот Кевин Мекол изјави дека семејството ги моли демонстрантите да продолжат со протестите, но да протестираат мирно.
„Ова семејство бара мир, ова семјество повикува на мир. Им испраќам порака на сите луѓе во оваа земја да престанат со нередите. Подигните го знакот на мирот, моќта е во бројките“, изјави тој.