3 места кои им пркосат на законите на физиката и здравиот разум

Точка

01/06/2020

17:40

5.385

Големина на фонт

а а а

Со достапноста на интернетот, имаме прилика да видиме бројни необични места ширум планетата и од ден за ден да гледаме колку нашата природа е неверојатна и совршена.

Во продолжение ви претставуваме 3 необични феномени кои дефинитивно им пркосат на сите закони на физиката. Некои би рекле дека му пркосат дури и на здравиот разум. 

Златниот камен во Мјанмар

“Kyaiktiyo Pagoda” или Златниот камен е гранитна мини карпа, тешка неколку тони, која успешно балансира на сам раб на провалија, а кога дува ветер таа се поместува. Веќе 2500 години делува како да ќе падне, но иако со ништо не е прицврстена, таа се одржува на работ.

Бидејќи овој необичен огромен камен им пркоси на законите на гравитацијата, локалното население го смета за специјално и затоа го прекриле со злато. Денес, каменот е еден од најголемите атракции во Мјанмар.

Уникатниот пат во Ерменија

Патот кон планината Арагац во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече под агол од 20 степени, а иако изгледа потполно рамно, сè што ќе пуштите по патеката ќе се стркала назад. Се верува дека овој пат е едноставна оптичка илузија, еднаква на фатаморгана во пустина.

Обратниот водопад на Хаваи

Водопадот Ваипугија на Хаваите е вистинско чудо бидејќи водата не паѓа надолу, туку тече нагоре! Сепак, мистеријата била решена со текот на времето – ветровите кои се сечат на ова место дуваат толку силно и во правец кој ја турка водата во воздухот, не дозволувајќи ѝ природен пат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг