БМВ поради коронавирусот ќе отпушти 5 илјади работници...

Точка

01/06/2020

16:30

2.044

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител на автомобили најави дека поради финансиската криза ќе отпушти одреден број на работници.

БМВ неодамна ја претстави новата „Серија 5“, а наскоро на пазарот ќе пристигне и новата „Серија 4“, но тоа не значи дека компанијата не се соочува со сериозни проблеми поради пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата на Ковид-19 на Баварците им направи многу проблеми, па со оглед на тоа што компанијата во идниот период ќе се обиде да ги намали трошоците, околу 5 илјади луѓе ќе бидат отпуштени.


Финансискиот директор на БМВ, Николас Пит изјави дека новите мерки вклучуваат намалување на работните часови. Се очекува компанијата исто така да додаде и пакет за предвремено заминување во пензија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг