Протекоа фотографии од дворецот, Британците не веруваат што прави кралицата на 94 години

Кармин

01/06/2020

13:50

8.129

Големина на фонт

а а а

На фотографиите кои ги објави Бакингамската палата во неделата доцна навечер, британската кралица Елизабета втора е фотографирана како јава 14 години старо пони по име Балморал Ферн во паркот кој го опкружува дворецот Виндзор.

Од воведувањето на карантинските мерки во Велика Британија, Елизабета живее во Виндзор со сопругот, принцот Филип (98), бидејќи двајцата спаѓаат во ризична група на постари лица кои се повеќе подложни на зарази и развој на потежок облик на Ковид-19. Од тоа место во последните неколку месеци, неколкупати ѝ се обрати на нацијата, со изјава или ТВ-обраќање.

На фотографиите кралицата носи розева мрама на главата, бели ракавици и јакна од зелен твид.

Елизабета втора е позната како љубител на животните, а посебно е наклонета кон коњи и кучиња. Кога на средина на март од Бакингамската палата се преселила во Виндзор, среде пандемијата на коронавирусот, наводно со себе ги понела и двете велшки корги, Кенди и Вулкан.

Но, со оглед на тоа дека припадниците на британското кралско семејство ниту за карантинот не се откажуваат од вообичаениот луксузен начин на живот, во Виндзор, Елизабета и Филип преселиле и многу слуги, пренесува „Britain's Press Association“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk