Кина бележи најголем раст на новозаболени во последните три седмици: Сите нови пациенти се од странство...

Точка

01/06/2020

12:36

4.365

Големина на фонт

а а а

Кина со 16 нови случаи на заразени со коронавирусот регистрирани во текот на вчерашниот ден го бележи најголемиот пораст во последните три седмици.

Откако бројот на новозаразени „увезени“ случаи од странство порасна во југозападната покраина Сечуан, во Кина беше регистриран најголемиот пораст на новозаболени во последните три седмици.

Сите новозаболени се патници кои се вратиле од странство патници кои се вратиле од странство, а 11 од нив се од покраината Сечуан, соопштија во понеделникот од Националната здравствена комисија на Кина.


Кинеската државна телевизија објави дека заразените во Сечуан пристигнале со лет од Египет. На истиот лет биле откриени шест асимптоматски случаи кои Кина не ги вбројува во вкупниот број на заразени со Ковид-19.

Од Националната здравствена комисија на Кина известија дека се забележани и 16 нови асимптоматски случаи во континентална Кина во неделата и три во саботата. Вкупната бројка на заразени во Кина се искачи на 83,017, а како последица на вирусот починаа 4,634 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг