Ново кинеско откритие повторно ја отвора мистеријата: „Коронавирусот не потекнал од пазар – постоел многу порано“

Точка

01/06/2020

11:20

4.557

Големина на фонт

а а а

Научниците сметаат дека вирусот еволуирал преку мутации во текот на трансмисијата меѓу луѓето, по пренесувањето од животните.

Кина со месеци е во центар на јавноста поради пандемијата коронавирус за која што се верува дека потекнала токму од таа земја, и тоа од пазарите во Вухан.

Меѓутоа, тамошните официјални лица сега веруваат дека заразата не настанала на пазарот на кој што се продава месо од диви животни.

„Прво мислевме дека вирусот настанал на пазарот, но сега сме убедени дека и пазарот е жртва“ - изјавил Гао Фу, директор на Центарот за контрола и превенција на болести, пренесуваат од „Daily Mail“.


Да ве потсетиме, штом се појавија официјалните податоци за новата болест, пазарот беше затворен и означен како 'место на злосторството'. И понатаму постојат голем број на теории за тоа од кои животни коронавирусот би можел да се прошири на луѓето.

Сега Гао објаснува дека вирусот не е забележан само на примероците на животните туку дека единствено е пронајден во таа животна средина, вклучувајќи ја и канализацијата. Освен тоа, тие додаваат дека вирусот сигурно постоел имногу порано.

Во истражувањето утврдено е дека само 27 од првите 41 случаи во Кина, биле 'изложени' на пазарот, поточно само 4 од случаите во првите две седмици во декември, кога беше обелоденето дека се појави нова болест.

Американскит епидемиолози сметаат дека вирусот на пазарот го внел некој кој веќе бил заразен претходно.

Засега нема причина за сомнеж во тврдењата на Гао Фу, затоа што не само водечките кинески епидемиолози, туку и членови од највисокото советодавно тело на државата имаат исто размислување во борбата со коронавирусот.


Сепак, ќе мора да се направат уште многубројни истражувања за да се утврди точно кога настанал коронавирусот.

„Овој вирус не се пренесува како претходните коронавируси“ - нагласил тој.

За жал, наместо некои работи да ни бидат појасни, бројот на теории за настанувањето и лечењето на коронавирусот не само што се зголемува туку и не добиваме конкретни одговори, а за тоа да се случи можеби ќе треба да помине многу време. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг