„Бев шокирана кога ја видов Серена гола, па се прашав – како може?“: Поради овие зборови цел свет зборува за Вилијамс

Кармин

01/06/2020

21:18

13.608

Големина на фонт

а а а

Пред осум години, романската тенисерка Алексанра Каданту доживеала една ситуација на Австралијан Опен која што добро ја памети и денес.

Каданту раскажала дека долго време била под впечаток кој што на неа го оставила Серена Вилијамс во соблекувалната на Австралијанскиот гренд слем.

Каданту и Вилијамс не играле заедно една против друга туку ја делеле соблекувалната, а една кратка средба врежана ѝ е во сеќавањето за цел живот.


„Мојот прв гленд слем во кариерата и првиот спомен на него е моментот кога во соблекувалната првпат ја видов Серена Вилијамс. Ја видов гола, бев шокирана колку е голема.

Неверојатно е како изгледа, како воопшто може да се движи и да игра“ - открила за локалните медиуми Каданту, со истиот тој впечаток од претходно.

На тој Австралијан опен Романката била елиминирана веќе во првото коло, додека пак Серена изгубила во четвртото коло од Екатерина Макарова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk