Ново жариште на коронавирусот во Германија: 160 луѓе во изолација после масовни собири...

Точка

31/05/2020

14:20

6.440

Големина на фонт

а а а

Околу 160 лица мора да бидат најмалку две седмици во изолација после неколкуте поголеми собири кои предизвикаа ново жариште на коронавирусот во германскиот град Гетинген.

35 лица се позитивни на Ковид-19 откако учествувале на приватни забави кои беа забранети за време на строгите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот. Од тие 35 новозаразени, едно лице било во тешка здравствена состојба.

Градските власти соопштија дека ќе бидат тестирани сите лица кои биле во контакт со таа група, без оглед на тоа дали покажуваат симптоми или не.

Веста за новозаразените е објавена еден ден подоцна откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјата „го положила испитот“ во врска со пандемијата, но предупреди дека Германците ги очекува уште многу работа.


Иако Германија има голем број на заразени, сепак бројот на смртни случаи е помал во однос на другите погодени земји. Треба да се истакне дека и бројот на заразени во Германија опадна откако тамошните власти воведоа низа на ограничувања.

Според последните податоци кои ги објави „Џонс Хопкинс“, во Германија има 183,302 заразени и 8,539 починати од Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг