Необично видео од породување на жирафа среде пандемија, бебе-жирафата добила 'популарно' име

Точка

30/05/2020

20:55

4.318

Големина на фонт

а а а

Бебе-жирафа е родена во индонезискиот остров Бали и го добила името Корона за да се знае дека е родена среде пандемија.

Малата жирафа е трето младенче на гордите родители, мајката Софија и таткото Матади, кои живеат во Сафари Парк на Бали.

Објавена е и видео снимка од раѓањето на малата жирафа.

„Бидејќи е родена среде пандемија, министерот за животна средина ѝ го даде името Корона“, објаснил портпаролот на зоолошката градина.

„Корона е во одлично здравје, исто како и нејзината мајка. Три месеци ќе бидат под посебен надзор“, додал тој.

Сафари Парк на Бали е затворен за посетителите од крајот на март во рамки на мерките за спречување на ширење на Ковид-19



Спонзорирани линкови

Маркетинг