Точка ТВ: Ова се најинтересните факти за најверниот пријател на човекот - кучето!

Точка

30/05/2020

10:01

4.417

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме дека кучињата се најдобриот пријател на човекот. Знаеме дека има прилично многу раси на кучиња и многу различни мешани видови кои по своите карактеристики се уникатни. Ова се некои од најинтересните факти за кучињата.

Кучињата имаат 13 крвни групи, додека пак луѓето имаат само четири. Овие прекрасни животни имаат чувство за мирис кое е посилно за дури 10 илјади пати во споредба со човекот.

Добро обучените кучиња можат да намирисаат рак на простата со прецизност од неверојатни 98%.


Едно од најпознатите кучиња на светот е Лајка – првото живо суштество кое „полета“ во вселената. Во тоа време, Лајка беше национален херој во Русија и сите поштенски марки го носеа ликот на ова куче.

Носот на кучето е еквивалентен на човечкиот отпечаток на прст што значи дека секој има различен „печат“.

Кучињата и слоновите се единствените животни кои инстинктивно разбираат кога нешто ќе им се покаже со прст.


Кучињата од скоро време имаат можност да гледаат телевизија затоа што за всушност да ја видат сликата на екранот потребни се 70 слики во секунда, нешто што старите телевизори го немаа.

На Костарика се наоѓа „кучешкиот рај“, односно најголемото приватно прифатилиште за кучиња за кои се грижат преку стотина волонтери.

Највисокото куче во историјата беше Германската дога Зевс со висина од 111 сантиметри. Ова куче почина во 2014-та година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk