Исхраната базирана на риба, зеленчук, маслинво масло и црвено вино – докажано е здрава. Експертите од Сиетл откриле дека одредени намирници можат да го забрзаат процесот на слабеење и да ја поттикнат работата на метаболизмот.
Имено, станува збор за фитохемикалии, природни антиоксиданси кои што се наоѓаат во растенијата.
Исхраната базирана на горенаведените намирници, заедно со напиток од соја, хмељ и екстракт од багремово дрво, дава неверојатни резултати.
Антиоксидансите во овие напитоци влијаат да се одржи чувството на ситост, но и масните наслаги буквално да се стопат и да се стабилизираат хормоните.
Ваквата исхрана е богата со омега три масни киселини, а покрај тоа спречуваат заболувања како кардиоваскуларни и успешно го намалуваат обемот на половината.
Докажано е дека со оваа диета може да изгубите и до 6 килограми за само 10 дена.