Полна со смирувачка белина: Мила Кунис и Ештон Качер ја продаваат својата вила во Беверли Хилс

Кармин

29/05/2020

13:32

2.624

Големина на фонт

а а а

Мила Кунис и Ештон Качер одлучиле да ја продадат својата вила во Лос Анџелес, а почетната цена е речиси 14 милиони долари.

Станува збор за првата куќа која Мила и Ештон ја купиле заедно и оттогаш таа била главниот дом на холивудскиот пар. Сместена во ридовите над Беверли Хилс, куќата се наоѓа во квартот познат како “Beverly Hills Post Office”. 


Прекрасната вила се наоѓа во внатрешноста на затворената станбена заедница “Hidden Valley”. Актерите го купиле имотот со големина од 683 квадратни метри во 2014 година за 10 милиони долари. Куќата на три ката, уредена во стил на безвременска класика, има 5 спални соби и 5 и пол купатила.


На приземјето се наоѓа дневната соба со камин, главната трпезарија и огромната бела кујна, уредена во винтиџ стил со модерни уреди и шанк за појадок. На истиот кат се наоѓа и семејната спална соба.


Горе се наоѓаат четирите спални соби, секоја со свое купатило и ормари. На пониско ниво е сместена спалната соба за гости/персонал, винската соба со контролирана температура и простор за стотина шишиња, како и теретана и сауна.


Домот има и градина која се простира на нешто повеќе од половина хектар, со големи тревници и врби, заедно со камена тераса со надворешна кујна и шанк. Во поплочениот дел на дворот се наоѓа базен во стил на лагуна кој е делумно потскриен со висока жива ограда.

Соседи им се Адел, Џенифер Лоренс, Кејти Пери, Никол Кидман и Кит Урбан и Камерон Дијаз и Бенџи Маден.

Мила и Ештон моментално се наоѓаат во својата втора куќа во калифорнискиот град Карпинтерија, сместена веднаш до океанот. Домот вреди 10 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk