Во САД над 40 милиони луѓе останале без работа

Макфакс

28/05/2020

21:16

1.263

Големина на фонт

а а а

Во САД минатата недела биле поднесени уште 2,1 милиони нови барања за добивање помош поради невработеност, соопшти Министерството за труд на САД.

Со ова, вкупниот број на луѓе кои од средината на март останале без работа поради коронавирусот се искачи на повеќе од 40 милиони, извести „Њујорк тајмс“.

Ова е осма недела по ред како се намалува бројот на нови пријави за финансиска помош по рекордот од 6,9 милиони во март за една недела, но нивното ниво и понатаму далеку го надминува историскиот максимум, пишува „Њујорк тајмс“. 

Новите барања, оценува весникот, можеби не се исклучиво резултат на нови отпуштања и го наведува фактот дека државните агенции за вработување се затрупани со многу барања, па доцнат со нивно проследување до надлежните служби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг