Дини: Луѓето посакуваа мојот син да се зарази со коронавирусот

Дерби

28/05/2020

19:53

1.205

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини беше еден од најгласните играчи дека не сака да се врати на тренинзите, терените, односно беше против продолжување на сезоната во Премиер лигата.

Дини посочи дека не се работи за пари, туку дека ризикот е преголем поради коронавирост и сака да го заштити семејството, пред се неговиот петмесечен син кој проблеми со дишењето. Овој став на напаѓачот не го прифатија некои луѓе кои му порачувале, посакувале неговиот син да се зарази со КОВИД-19.

-Реков дека нема да бидам таму првата недела и луѓето сфатија како никогаш да не се вратам. Ги прочитав коментарите, многумина се надеваа дека мојот син ќе биде заразен со коронавирус. Тоа ми беше тешко. 

-Сега, кога сите потенцираат дека менталното здравје е важно и дека треба да се зборува, јас се најдов како мета на критики. Другите мислат дека и јас морам да бидам на работа, затоа што и тие тоа го прават, -истакна Трој кој најави оти ќе се врати на тренинзите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг