И по 30 години кариера таа изгледа неверојатно – една од најубавите жени во Холивуд како да не старее

Точка

28/05/2020

19:20

5.510

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Мишел Фајфер (62) на сцената е присутна неколку децении, а иако врвот на кариерата го доживеа пред речиси 30 години, оваа холивудска убавица очигледно не старее.

Без оглед на тоа што има 62 години, таа и понатаму е една од најубавите актерки во Холивуд, а во последниот филм „Maleficent: Mistress of Evil“ во кој што глуми со Анџелина Џоли, покажала колку нејзината убавина може да се спореди со некои од помладите актерки.

Мишел глумеше во многубројни холивудски хитови, а едно време паузираше од големите екрани за да се посвети на своето семејство и да се грижи за децата.


Актерката пред неколку години се врати на актерството, па воодушеви со својата улога во филмовите „Волшебник за лаги“ и „Убиство во Ориент Експрес“ во 2017-та година.

Легендарната холивудска актерка на 17-ти јануари оваа година купи нова вила во Пацифик Палисад, во елитниот дел на Лос Анџелес покрај океан, која што моментално ја реновира, а папараците успеале да уловат некои кадри од истата.

Откако речиси два месеци поминала во изолација, таа неодамна го посетила имотот и покажала колку перфектно изгледа за своите години.


Актерката, заедно со својот сопруг Дејвид Е. Кели го купила имотот во медитерански стил со големина од 10.300 метри квадратни за 22.5 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг