Овој доручек целосно го чисти организмот: Се јаде двапати неделно, а придобивките се огромни

Точка

28/05/2020

17:21

5.171

Големина на фонт

а а а

Џигерот е еден од најважните органи во човечкото тело затоа што целокупното здравје зависи од него. Докторите нутриционисти велат дека џигерот многу подобро ќе се исчисти доколку двапати неделно наутро го јадете ова.

Хроничен замор, лошо расположение, горчлив вкус во устата, се знаци дека потребно ви е чистење на вашиот организам.

Рецепт за утринска каша:

- 1 шолја овесно брашно; 
- Овес (блокира апсорбирање на штетни материи и ги елиминира токсините); 
- Тиква (помеѓу 20 и 40 грама, исчистена и исечкана на коцки, таа ги обновува ќелиите и така ве подмладува); 
- Половина лажица суво грозје (исто така помага во обновување на ќелиите и на тој начин го прочистува организмот); 
- Бадеми (по желба).  

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во помал сад и додадете малку млака вода или пак млеко, додека не добиете каша. Варете 1-2 минути, оставете да се излади и да отстои, па консумирајте ја кашата додека е свежа.

Консумирањето на овој доручек не се препорачува повеќе пати од 3 во текот на неделата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг