“Дали ја фати дух или нешто слично?”: Снимката од девојката која паѓа во вода го збуни интернетот

Точка

28/05/2020

14:59

6.037

Големина на фонт

а а а

Мика Шеј, девојка од САД, на својот Инстаграм профил објавила видео кое тотално ги збунило нејзините следбеници.

Видеото ја прикажува неа и нејзината сестра како стојат над водата, а во еден момент нејзината сестра се пушта со јаже, го испушта од раце и паѓа, но не право во водата, како што е логично... 

Пред да удри во водената површина, девојката се врти во воздухот како да удира во нешто невидливо. Многу следбеници истакнале дека изгледа како девојката да им пркоси на законите на физиката и започнале да бараат објаснување за она што го виделе.

“Дали ја фати дух или нешто слично?”, “Не разбирам како застана во воздухот и се сврте на другата страна”, “Може ли некој да ми објасни како е ова возможно?”, пишувале збунетите следбеници.

Вистината наскоро излегла на виделина – станува збор за оптичка илузија. Девојката всушност се заплеткала во друго, помалку видливо тенко јаже кое се користи за подебелото јаже да се врати до следната личност на почетната позиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг