Светловиолетовата е нијанса на летото – лесно се комбинира и секогаш изгледа шик

Кармин

28/05/2020

12:41

1.149

Големина на фонт

а а а

Најсветлата пастелна нијанса суверено владее, без разлика дали станува збор за аутфит од глава до пети, предимензионирани парчиња или само детали како салонки од сатен – нема дел од гардеробата во кој оваа боја не се вовлече.

Ултимативно женствена, таа е вистински контраст на парчињата позајмени од машката гардероба, доволно промислена да е невозможно само да ја “нафрлите”, но истовремено и непретенциозна. 

Доколку ви е потребно освежување од неутралната палета, светловиолетовата боја е вашиот нов најдобар пријател. Но, од каде да почнете? Доколку не сте љубител на екстремните промени, чанта, блуза или чевли во оваа нијанса се совршен избор.

Иако делува комплицирано, светловиолетовата боја совршено се комбинира со многу нијанси како беж, сива, црна и бела, а деталите во силни бои ќе ве издигнат на едно ново ниво.

Одберете клач чантичка и сандали во жолта или тиркизна нијанса и откријте ја вистината: светловиолетовата всушност се однесува како неутрална боја.

Наоружани со ова ново знаење, впуштете се во играта на текстури: ткаенините со малку сјај даваат нова димензија, без разлика дали станува збор за провиден органдин или сатен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk