Нинџа: Ми се заканија лица кои беа заедно со ќерката на Чавков, а добивам закани и од политичари

Точка

28/05/2020

11:54

5.102

Големина на фонт

а а а

Еден од осудените во случајот „27-ми април“, Александар Василески познат како Нинџа, утринава изјави дека неколку лица му упатиле закани пред судската зграда.

Пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје, Нинџа на судиите им откри дека добивал закани.

„Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во судската зграда, лица од патриотските здруженија кои беа во придружба на ќерката на Митко Чавков, ми се закануваа. Чавков директно ми се закани и дента кога беше изречена пресудата на 15-ти март 2019-та“, изјави Василески, пренесува „360 степени“.

Нинџа меѓу другото откри дека добивал закани од политичари додека бил во притвор.

Како што е познато, Александар Василески за овој случај соработуваше со Обвинителството и ја откри својата верзија за случувањата поврзани со 27-ми април 2017-та година кога беше организиран упад во Собранието. Токму Нинџа ќе сведочи на едно од следните рочишта кога ќе се откриваат организаторите на упадот.

Инаку, Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години, додека поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков доби највисока казна од 18 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг