Не ѝ верувале дека е девојка на кошаркарската легенда, а неговите родители се противеле на нивниот брак

Кармин

28/05/2020

10:45

2.480

Големина на фонт

а а а

Вдовицата на Коби Брајант, Ванеса Брајант, кон почетокот на мај наполни 38 години, а роденденот за првпат по долги години го одбележа без сопругот.

Кошаркарската легенда и нивната ќерка Џијана загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари оваа година, а оттогаш Ванеса често споделува спомени од своето семејство со обожавателите. 

Ванеса и Коби се запознале во 1999 година кога таа гостувала во видеоспотот на групата во која тогаш бил Снуп Дог. Брајант во тоа време се обидувал да оствари музичка кариера заедно со кошарката, но тоа не му успеало. Сепак, во тие кругови ја запознал својата идна сопруга. Ванеса тогаш имала 17 година, а Коби 20.


“Носеше фотографии од Коби на училиште и сите ѝ бевме љубоморни”, изјавила соученичка на Ванеса во интервју во 2005 година. Имено, никој не ѝ верувал дека е во врска со славниот кошаркар.

Откако наполнила 18 години, Коби и Ванеса се вериле, а се венчале во април 2001 година. Родителите на Коби не присуствувале на венчавката бидејќи биле против тој брак. Кошаркарот неколку години подоцна открил дека неговиот татко Џо се противел на врската бидејќи Ванеса има латиноамериканско потекло, а не афроамериканско. Џо и Коби се карале од самиот почеток на врската со Ванеса, а поради тоа им заладиле односите.


Само 6 месеци откако Ванеса ја роди ќерката Наталија, Брајант беше обвинет за сексуално напаствување на 19-годишна работничка во хотел во Колорадо. На конференцијата за медиуми тој подоцна изјавил дека девојката се согласила на средба со него, а Ванеса била постојано покрај него и го држела за рака. Во изјава подоцна истакнала дека е свесна за фактот дека мора да поработат на бракот и дека Коби направил грешка.


По таа афера добила 8-каратен прстен со виолетов дијамант, вреден 4 милиони долари. Ванеса во тој период имала спонтан абортус, а втората ќерка Џијана ја добија во 2006 година.

По 10 години брак, Ванеса ги предала документите за развод, а бидејќи парот не потпишал предбрачен договор, имала право на половина од неговото богатство. Сепак, парот ги решил несогласувањата и 2 години подоцна објавиле дека остануваат заедно. Бјанка Брајант дојде на свет во 2016 година, а во 2019 година Ванеса ја роди Капри.


И покрај бројните проблеми, парот останал заедно додека смртта не ги раздели, односно до стравичната несреќа во Калифорнија кон почетокот на оваа година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk