„Се борам против 'длабоката држава', тоа се многу злобни луѓе кои со години нè малтретираат!“

Точка

27/05/2020

23:27

5.061

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека постојано се бори против 'длабока држава' која, како што истакнува, се состои од група многу злобни луѓе, многу штетни за Америка.

Трамп тоа го изјавил во интервју за „ABC“, одговарајќи на прашањето за злоупотребите кои се откриени во администрацијата, но само откако еден од неговите луѓе, Ричард Гренел, беше назначен на местото вршител на должноста шеф на Националната разузнавачка служба.

Трамп рекол дека Гренел е прекрасен и дека добро си ја извршувал својата работа и дека мисли дека добро ќе ја извршува и Џон Ретклиф, кој пред неколку денови бил поставен на местото на Гренел на истата функција. Меѓутоа, Трамп наведува дека и понатаму има луѓе кои се дел од 'длабоката држава', кои не си ја работат добро својата работа и дека тој се бори против нив.


„Погледнете што направи Ричар Генел за осум недели на позицијата в.д. директор на службата, а луѓето пред него не работеле ништо 2 ипол години. Требаше тоа да го разоткријат. Така што, многу сум разочаран од некои луѓе. Некои луѓе завршија одлична работа, а што правам јас? Се борам против 'длабоката држава'. Се борам против мочуришта“, рекол Трамп.

Тој истакнал дека има можност да ја 'сруши' длабоката држава.

„Тоа е група на многу злобни луѓе, многу штетни за нашата земја. Сите вие сте биле жртви на 'длабоката држава', без разлика дали сте биле свесни за тоа или не, ве малтретирале сите овие години“, заклучил претседателот на САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг