Џастин и Хајли Бибер му се закануваат со тужба на пластичен хирург - преку ова не можеле да преминат!

Точка

27/05/2020

23:09

5.527

Големина на фонт

а а а

Џастин и Хајли Бибер се закануваат дека ќе покренат судски процес против пластичен хирург од Беверли Хилс.

Адвокатот на Џастин и Хајли го обвинува д-р Даниел Берет, дека се послужил со нивните имиња, фотографии и личности 'во комерцијални цели', за реклама на пластичните операции и шири лажни и непотврдени тврдења дека Хајли била подложна на пластична операција.

Исто така е обвинет дека во своето спорно видео користел 'авторски права на заштитен текст' од песната „Sorry“ на Џастин.


Д-р Берет покажува две фотографии од Хајли од пред неколку години и вели: „Обрнете посебно внимание на носот. Што мислите? Па, ќе ви кажам што мислам јас. Мислам дека тоа е физички невозможно, без малку помош од некој како мене, за да се добие ова што е на втората фотографија.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг