Семејството на неговата сопруга го терало да учествува во чуден секс-ритуал: „Се преплашив“

Точка

27/05/2020

19:51

6.806

Големина на фонт

а а а

Маж кој наскоро требал да се венча, останал шокиран кога семејството на неговата идна сопруга од него побарало да учествува во нивниот ритуал на првата брачна ноќ, пренесува „Mirror“.

Венчавката ја планирале за почетокот на следната година, а кога почнале со подготовките, забележал дека нејзиното семејство прави сè повеќе шеги за нивната прва брачна ноќ, што му станало многу чудно.

Додека размислувале за медениот месец, неговата вереница рекла дека не им треба брачен апартман во хотелот во кој требало да се одржи венчавката. Сакала наместо тоа да останат во домот на нејзиното семејство, со што тој на почетокот немал проблеми.

Како што напишал на Редит, како поминувало времето така почнал да мисли дека неговата партнерка нешто крие од него, па отворено ја прашал зошто толку инсистира на тоа првата брачна ноќ да ја поминат во нејзината семејна куќа. Потоа дознал и за каков ритуал станува збор.

„Мажот и жената одат заедно во главната спална соба за да имаат сексуални односи, а остатокот од семејството треба да чека пред врата за да им аплаудира и да ги развесели кога ќе излезат. Потоа парчето постелнина се сече и шие во големата таписерија на мајката на невестата“, објаснил тој.


„Апсолутно се преплашив и ѝ реков дека под ниедни услови нема да правам такви работи пред целото семејство“, додал мажот.

Рекол дека од нејзината мајка добил порака во која пишувало дека тој не ја разбира важноста на таа традиција и дека традицијата постои подолго од него.

Редит корисниците биле подеднакво шокирани од ритуалот.

„Ова е многу чудно. Не знам што да те посоветувам. Можам да ти кажам само да се држиш до твоите ставови, бидејќи овде всушност мртвите им вршат притисок на потомците со своите обичаи“, „Кажи им дека тоа ќе го направиш во замена за 100 мирази, бел коњ и неколку хектари шума“, „Семејна секс-таписерија? Исусе. Се надевам дека бабата не спие со тоа“, биле дел од коментарите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг