Веста одекна во светот, луѓето згрозени: Полицаецот расист со убиството предизвика гнев во НБА, се огласија Леброн, Кер, Гобер...

Точка

27/05/2020

23:55

17.439

Големина на фонт

а а а

Морничавата сцена која што се одиграла на улиците на Минеаполис предизвика огорчување ширум Америка, а некои од тамошните јавни личности го искажаа бесот на социјалните мрежи.

НБА светот исто така е огорчен од убиството на несреќниот Џорџ Флојд, чиј живот го згаснал полицаец расист.

Злосторството во Минеаполис ја обиколи цела планета, како потврда дека расизмот во САД сè уште постои и дека истиот е голема болка во општеството.

Полицаецот врзаниот Флојд го мачел, му го притискал вратот со коленото и ладнокрвно ги слушал молбите и криците за милост, а на крајот го убил.

Леброн Џејмс на тоа реагирал така што го објавил протестот на Колин Каперник кој што во 2016-та година одбил да ја слуша химната на САД, велејќи дека не сака да му оддаде почит на знамето кое што ги малтретира луѓето поради бојата на кожа.

Се огласил и Руди Гобер, кој што е во шок поради ладнокрвното однесување на полицаецот.

„Доколку сте му дозволиле на полицаецот да му го направи тоа на човечко суштество, без обид да го спречите или пак запрете, тогаш и вие сте исто толку виновни колку и тој. Ова е фрустрација и за останатите добри полицајци кои што вложуваат многу ризик во својата работа за да ја извршуваат како што треба секој ден“ – порачал Гобер.

Ова не можел да го премолчи ниту Стив Кер, тренерот на Голден Стејт:

„Ова е убиство, згрозен сум. Сериозно, што проклето не е во ред со САД?“.

Од убиството најмногу бил погоден Стивен Џексон, некогашниот НБА кошаркар, чиј пријател бил убиениот Флојд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг