Барселона во овој период се поврзува со ангажман на неколку фудбалери кои треба да засилат неколку позиции во тимот.
Во изминативе денови најгласни се шпекулациите кои го поврзуваат Миралем Пјаниќ со премин во каталонскиот клуб, додека редовни се шпекулациите за трансферот на Лаутаро на „Камп Ноу“.
Поранешниот трансфер советник на Барселона кој има работено и како спортски директор во Милан, Ариедо Браида смета дека овие двајца фудбалери ќе бидат идеални за Барселона.
– Лаутаро и Пјаниќ се совршени за Барселона. Лаутаро има квалитет, талент и чувство за гол. Млад играч е и може многу да напредува.
– Пјаниќ е играч од средниот ред сличен на Чави и Иниеста, не е на нивно ниво, но има одличен допир на топката и тактички е многу интелигентен. Има одлична техника и доста убави особености, - изјави Ариедо.