Криси Тиген ги вади силиконите, а само кога ќе слушнете зошто - објасни сè без влакна на јазикот!

Кармин

27/05/2020

15:29

4.935

Големина на фонт

а а а

Криси Тиген, манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, решила да ги извади силиконите, и да, како што истакнала - ќе може повторно да спие на стомак.

Сите свои планови без влакна на јазикот ги обелоденила на социјалната мрежа Инстаграм, па така и привлече огромно внимание кај јавноста.

„Се тестирав за Ковид-19, бидејќи наскоро ќе одам на операција. Многумина ги интересира зошто ќе одам на операција, па веднаш ќе ви откријам... ќе ги вадам силиконите од градите. Одлично ми служеа низ годините, но веќе го надминав тоа. Сакам повторно да можам да облечам тоалети со мојата големина, да спијам на стомак. Нема повеќе големи гради“, рекла таа.

„Не се грижете за мене, сè е во ред, ќе остане само сало. Глупава, но чудеска вреќа сало“, додала таа, која во едно интервју претходно истакна дека градите ги вградила за да стекне повеќе самодоверба.

„Ги направив градите на 20 години. Сакав да бидат заоблени и истакнати кога сум во костим за капење. Со оглед дека често позирам, сакав да стојат цврсто и додека лежам на грб. Но, потоа добивате деца, тие се полнат со млеко и се опуштаат и сега се одвратни“, рекла таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk