Кулушевски импресиониран: Роналдо ми пријде и ми кажа: "Добредојде Дејан, како си?"

Точка

27/05/2020

14:09

3.457

Големина на фонт

а а а

Дејан Кулушевски, шведскиот репрезентативец со македонско потекло, вели дека е возбуден поради епизодите кои го очекуваат во Торино.

Младиот фудбалер, кој одлучил да игра за Шведска иако родителите му се Македонци, се потсетил на моментот како играчите на Јувентус го прифатиле. 

"Тоа беше возбудлив ден на Алијанц стадионот, единствена атмосфера. Роналдо ми кажа: Добредојде Дејан, како си?", вели Кулушевски за "La Gazzetta dello Sport".

"Буфон и Киелини исто така беа добри со мене. Тоа беше неизмерно уживање за момче кое овие фудбали ги гледало само на телевизија".

Кулушевски истакнува дека не може да дочека да заигра за Јувентус.

"Морам уште да учам и не можам да дочекам да играм заедно со Дибала и неговата магична лева нога. Можам да играм на повеќе позиции и план ми е да си го заслужам местото во Јувентус".

Кулушевски оваа сезона одиграл 23 натпревари во Серие А и постигнал пет голови и седум асистенции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг