Бектеши: Кафулињата ќе работат до 20 часот, најмногу 4 лица ќе може да седат на една маса

Точка

27/05/2020

13:20

2.832

Големина на фонт

а а а

Владата вчера одлучи од денес целосно да го укине полицискиот час, а веќе од утре со работа ќе почнат и угостителските објекти.

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција изјави дека кафулињата ќе работат до 20 часот. Министерот додал дека во првата фаза ќе се дозволи само работа на летните тераси, а доколку се почитуваат мерките и протоколите, ќе се разгледува и можноста за отворање и на затворените угостителски објекти. 

Во протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести стои и дека на една маса ќе може да има најмногу четири лица.

"Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство. Задолжително е да има растојание меѓу масите. Ќе ја следиме ситуацијата дали се почитуваат препораките и доколку угостителите се придржуваат ќе ги отвориме и затворените угостителски објекти", рече Бектеши на прес-конференцијата.

Според протоколите треба да се внимава на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, однесувањето на клиентите и дистанцата на масите од 10 метри квадратни. Нема одука за тоа дека луѓето на масата мора да бидат членови на исто семејство.

"А и како да знаете дали гостите што ќе дојдат се членови на семејство или не. Не можете да ги легитимирате, а постојат и Закон за семејство, различни презимиња, како и вонбрачни заедници. Значи, се повторно ќе се сведе на нивните лични кажувања", рече Мартин Ангеловски од Асоцијацијата на угостители за "Фактор".




Спонзорирани линкови

Маркетинг