ЦСКА ги отпушти Куфос и Бејкер

Макфакс

27/05/2020

12:37

917

Големина на фонт

а а а

Европскиот шампион ЦСКА Москва ги раскина договорите со двајца кошаркари откако Евролигата донесе одлука за крај на сезоната.

Од наредната сезона играчи на ЦСКА нема да бидат грчкиот центар Костас Куфос и американскиот бек Рон Бејкер.

Двајфцата кошаркари минатото лето пристигнаа во Москва, меѓутоа не успеаја да му се наметнат на тренерот Димитрис Итудис.

Посебно разочара Куфос, центар со 11 годишно искуство во НБА лигата. Гркот во Евролигата имаше скромен просек по натпревар од 3,7 поени и 2,8 скока.

Бејкер во Евролигата постигнувал во просек по натпревар по 2,6 поени.

Поради финансиската криза која ја предизвика коронавирусот се очекува дека уште неколку играчи ќе го напуштат ЦСКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг