Поранешен фудбалер на Манчестер Сити го поддржува Де Брујн во намерата за негово заминување од клубот

Дерби

27/05/2020

10:53

1.063

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујн неодамна изјави дека ќе ја разгледа опцијата за заминување од Манчестер Сити доколку биде потврдена одлуката на УЕФА да им се забрани настап во европските натпреварувања во следните две години.

Ваквата изјава ја разбранува јавноста на Островот и веднаш го стави на готовс тимот на Реал Мадрид кој подолг период се интересира за белгискиот репрезентативец.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Џолеон Лескот го поддржува фудбалерот по неговите коментари и изјави дека целосно го разбира за неговата одлука.

– Тешко е да се каже дали ќе остане, само тој знае. Но целосно го разбирам затоа што истото го размислував и јас додека бев во Евертон.

– Евертон беше добар тим за мене, уживав таму, но потоа видов колку се реални шансите Евертон да се бори за титулата. Тогаш ја донесов одлуката и се приклучив на Манчестер Сити за да се борам за титули.

– Сигурен сум дека тоа ќе биде причината и за одлуката на Кевин Де Брујн. Ако тој замине, мислам дека ќе размисли кој би бил најверојатен освојувач на Лигата на шампионите ако Манчестер Сити не е тоа. Јас се надевам тоа нема да се случи, - заклучи Лескот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг