Овие преубави туристички дестинации ви плаќаат да летувате кај нив – целта е да се привлечат туристите

Точка

26/05/2020

20:40

7.474

Големина на фонт

а а а

Државите нудат огромни попусти на летовите и престојот во нивните хотели. Земјите во кои што туризмот е тешко погоден од пандемијата коронавирус, подготвени се да им платат на туристите да летуваат кај нив.

Многу од државите се обидуваат да ги поттикнат туристите да резервираат свое место кај нив, како авионски карти, сместување, цена на лежалките и слично.

Еве некои од начините на кои главните туристички дестинации нудат плаќање на одмор по коронавирусот:

Сицилија

Сицилија, која што се наоѓа на југот од Италија, се обидува да ги привлече странските посетители. Властите ќе ги покријат половина од трошоците на летовите и една третина од трошоците за хотелите, заедно со влезниците за музеите и половина од цената за авионските карти. Владата ќе искористи 50 милиони евра за финансирање на програмата.


Јапонија

Јапонските власти ги разгледуваат можностите за плаќање на половина од цената на авионската карта, за туристите да се вратат кај нив. Портпаролот на јапонската туристичка агенција, Хироши Табата, изјавил дека владата одвојува околу 12.5 милијарди долари за поттикнување на туризмот, наведуваат тамошните локални медиуми. Тој исто така истакнал дека можно е да бидат субвенционирани и други патни трошоци во земјата.


Мексико

Одморалиштата во Канкун сакаат да понудат беспрекорен престој во хотелите. Според хотелското здружение, една од новите мерки е онаа со која туристите ќе бидат примамени за престој во нивните хотели. На секои два вечери, наредните два се бесплатни, а постои можност и за попуст на авионските карти.


Бугарија

Некои од плажите во Бугарија би требало да станат бесплатни за туристите, како и изнајмувањето на лежалки и чадори за сонце.




Спонзорирани линкови

Маркетинг