Наоми Кембел го прослави својот 50-ти роденден: “Не верував дека ќе живеам толку долго”

Точка

26/05/2020

14:23

3.129

Големина на фонт

а а а

Бидејќи никогаш не ни сонувала дека ќе ги доживее овие години, Наоми Кембел не ја крие благодарноста за сè, особено за луѓето со кои е опкружена и кои се сетиле на нејзиниот 50-ти роденден.

На својот Инстаграм профил објавила фотографија на која седи на софа опкружена со букети кои ѝ ги испратиле драгите луѓе во нејзиниот живот. 

Објавата ја посветила на оние кои ѝ помогнале во најтешките моменти – кога се борела со својата зависност од кокаин и алкохол.

“Сакам најпрвин да им се заблагодарам на сите за љубовта, честитките, благословите и добрите желби кои ми ги испративте. Неверојатно сум среќна што ги имам тие прекрасни луѓе во својот живот и благодарна сум за сите мои 50 години на оваа прекрасна планета. Искрено, не верував дека ќе доживеам волку”.

“Сите оние кои беа покрај мене во најтешките моменти, во сите мои подеми и падови, кои следат да не потклекнам и кои дискретно стојат покрај мене, благодарна сум за цел живот. Моето патување досега беше прекрасно, а јас постојано се потсетувам дека морам да работам на себе, да учам и растам од ден за ден. Без сите вас денес не би била овде, Наоми не би постоела.

А вие (знаете добро кои сте), кои ме опсипувате со својата искреност, упорност и љубов, знајте дека тоа ми значи сè на светот. Ве сакам... и мамо, ти благодарам што си ме родила и што ми даваш животни лекции”, напишала манекенката под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг