Познатиот музичар, Брајан Меј (72), денеска доживеал срцев удар и итно бил префрлен во болница.
Гитаристот од групата „Queen“ рекол дека лекарите откриле дека има три запушени артерии, а тој им се обратил откако почувствувал болка во градите која траела околу 40 минути.
Како што навел Брајан на својот Инстаграм профил, оваа непријатна ситуација се случила непосредно откако дека скинал мускули на задниот дел од телото. Со денови имал болки, а исто така имал ишијас, кој му предизвикувал дополнителна болка.
Легендарниот музичар рекол дека бил 'близу смртта' и дека лекарите дијагностицирале дека има три запушени артерии.
За среќа, немало кобни последици. Извршена му е рутинска операција, во која му вградиле три стента, после што бил пуштен дома.