Атиџе разочарана после она што ја дочекало кај пчелите: „Не се плашам од корона, туку од лоши луѓе“

Точка

25/05/2020

22:00

6.334

Големина на фонт

а а а

Атиџе Муратова, ѕвездата од документарниот филм „Медена земја“, деновите ги поминува во Бекирлија заедно со пчелите и со кучето.

Хероината за порталот „ММС“ изјавила дека не се плаши од коронавирусот, како рекол Господ така ќе биде, но дека повеќе ја плашат лошите луѓе. Таа изминатиов период била мета на крадци, кои ѝ украле дел од пчелите.


„Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле. А годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам“, се пожалила Атиџе.

Муратова за „ММС“ исто така изјавила и дека за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам била сама, но имала празнична трпеза како што доликува на денот.


„Имав копани, купив нешто благо, сок и кафе. Баклава немав. Ќе правам догодина, за другиот Бајрам, кога ќе се преселам во другата куќа. Кога ќе помине корона пак ќе се дружиме. Си посадив компир, лукче, кромитче, сè е природно, ништо не ставам вештачко на нив. Сум забележала дека ми пречи на желудникот“, раскажала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг