Одвај да трепнала кога се почнало да сè почнало да се тресе: Новозеландската премиерка продолжила со интервјуто насред земјотрес

Точка

25/05/2020

20:31

2.492

Големина на фонт

а а а

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн одвај да трепнала кога удрил земјотрес додека утрово давала интервју во живо.

Таа го прекинала водителот на "Newshub", Рајан Бриџ за да му каже што се случува во комплексот на парламентот во главниот град на земјата, Велингтон. 

"Ние тука имаме мал земјотрес Рајан, всушност доста пристоен земјотрес", рекла премиерката гледајќи околу себе. "Гледаш ли како се тресат работите зад мене", додала таа.

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени бил забележан денес во океанот на околу 100 километри североисточно од Велингтон, според американскиот Геолошки институт.

Земјотресот удрил нешто пред 8 часот по локално време и го почувствувале илјадници Новозеланѓани кои се подготвувале да ја почнат работната недела.

Потресот бил доволно силен да турне работи од полица и да ги сопре сообраќајните возови. Меѓутоа, немало пријави за поголема штета или повредени.

Ардерн продолжила со интервјуто, и му кажала на водителот дека земјотресот престанал.

"Добро сум Рајан. Не сум под висечки светла, изгледа дека структурно сум на добро место", рекла таа.

Нов Зеланд се наоѓа на пацифичкиот огнен појас кој некогаш се нарекува и "Тресечки острови" поради честите земјотреси.

Во земјотрес во 2011-та година во Крајстчрч загинале 185 луѓе и бил уништен голем дел од центарот на градот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг