„Ковид-19 од денеска го прогласувам за умрен“ - реисот Сулејман Реџепи во центарот на вниманието! Вчера стапи во брак со 50 години помлада жена, а денеска...

Точка

24/05/2020

14:49

13.053

Големина на фонт

а а а

Реисот Сулејман Реџепи денеска во изјава за медиумите пред џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов.

„Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ со нас ние се чувствуваме најсилни во светото“, вели реисот

За него вчера не било само убав ден во пресрет на празникот, туку и убав за приватниот живот. По вторпат се оженил и тоа со 50 години помлада девојка. Неговата избраничка, како што пишуваа албанските медиуми е Емина Јетиши (24), која е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има ќерка од претходниот брак.


Реисот Сулејман Реџепи (74) пред четири години ја загубил сопругата. Албанските медиуми вчера побарале детали од веселбата, но тој ги замолил да ја испочитуваат неговата приватност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг